„Заев изгубен во просторот и времето - бомбаш самоубиец“
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е изгубен во просторот и во времето. Во своето тонење сака да ја влече и Македонија надолу, коментира експертската јавност во земјава, откако претседателот на СДСМ, излезе на прес-конференција со став дека СДСМ не ги признава денешните избори и бара формирање на техничка влада.
Според познавачите, пишува вечерва Курир, ова претставува уникатен пример на барање на избори на Денот на изборите, чекор со кој СДСМ оди подоле и од дното, политичко слепило и општо партиско слепило.
Според експертите, барањата кои ги лиферуваше Заев на прес-конференцијата, личат на се, освен на разумно однесување и практицирање на политиката. Аналитичарот Ивица Боцевски смета дека Заев се однесува како бомбаш самоубиец.
-Плурализмот подразбира гласање за повеќе политички партии. СДСМ тоа не може да го разбере, додека не добијат мнозинска поддржка од македонскиот народ. Ова ми наликува на нешто што е реприза на 24 декември 2012 година, едно црно сценарио, едно украинско сценарио за Република Македонија. Не, доволно сме заморни од такви сцеарија и во СДСМ се надевам дека ќе имаат рационални луѓе кои ќе му посочат на Заев, после 24 декември партијата доби изборна казна од граѓаните во форма на историски пораз. Тие имаат само 4 градоначалници. Што сега сака Заев? Знчи после првио круг на зибори беше совршено јасно во која насока оди изборната волја на граѓаните. Беа потвредни сите испитувања на јавното мислење на релевантните куќи за испитување на јавното мислење и сега се излегува со некои небулози. Знаете треба да имате одговорност. Тој човек , како лидер на СДСМ претендира да биде премиер на Република Македонија. Вака ли планира да управува со Македонија? Сиве овие денови гледаме дека се однесува како бомбаш самоубиец, но да потсетиме, бомбашот без разлика дали ја реализирал својата цел, или не на крајот го нема. Тоа значи дека нема да биде дел од политиката. Ќе треба да си бара некоја друга работа. Во Република Македонија СДСМ е системски извор на криза, системски извор на нестабилност секогаш кога се наоѓа во опозиција. Тие мора тоа да го надвладеат. Доколку судот на граѓаните покажува дека во моментов довербата ја има некој друг, вие тоа мора да го признаете. На Република Македонија вакви експерименти не и се потребни, вели Боцевски, пренесува Курир.
Колумнистката Мирка Велиновска, пак, вели дека обраќањето кон СДСМ не е обраќање кон политичка партија туку кон дијагноза, а дијагнозата е ова:.
-Не е Заев одлепен човек. Заев е дел од тимот, само гласноговорник е он сега во овој момент. Цело раководство на СДСМ се 10 до 15 луѓе кои ја водат и ја креираат политиката на СДСМ. Таа политика за жал не произлегува од идеолошко филозофски темели па има платформа па програма врз основа на таа платформа. Таа е агенда. Зададена агенда за етапно растурање на Р. Македонија. Кога ќе го разбереме тоа? Знам дека ви звучи ужасно, меѓутоа, тоа е. Но ова обраќање на Заев, знаете што ви кажува. Ова е жив цинизам. Човекот кој е аболициран по оптужба за криминал. Значи не е докажано дека е невин туку е помилуван од шефот на државата. Тој човек кој после тоа одработуваше со ужасни изјави, нели како гласноговорник кажуваше дека ќе јадат живи луѓе, дека ќе ја партизираат државата од кафекуварка до министер, смета Велиновска.Но ова обраќање на Заев, знаете што ви кажува. Ова е жив цинизам. Човекот кој е аболиран по оптужба за криминал. Значи не е докажано дека е невин туку е помилуван од шефот на државата. Тој човек кој после тоа одработуваше со ужасни изјави, нели како гласноговорник кажуваше дека ќе јадат живи луѓе, дека ќе ја партизираат државата од кафекуварка до министер, вели Велиновска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа