Црното сценарио на СДСМ на дело

Црното сценарио на СДСМ се покажува на дело. Опозицијата соочена со лоши резултати на туку што завршените избори се реши да излезе со изјава дека не ги признава резултатите. Лидерот на СДСМ рече дека бара формирање на техничка влада која ќе спроведе нови избори.
Како што дознава Press24, овластените членови на избирчаките одбори на СДСМ не ги потпишуваат записниците за гласање на избирачките места ширум Македонија. Согласно законот, за да може да почне броењето на гласовите, записникот за гласањето треба да го потпишат тројца од петмината членови на избирачкиот одбор.

Press24 во неколку наврати предупреди дека СДСМ подготвува сценарио за делегитимирање на изборниот процес. Опозицијата имаше план да сценира инциденти, но граѓаните уште еднаш покажаа висок степен на демократски капацитет, па овој обид на СДСМ не помина. Налозите кои им беа давани на членовите на избирачките одбори уште неколку дена пред избоите предивдуваа по некој поголем инцидент тие да се повлечат од гласачките места. Сепак, фактот дека изборите поминаа без речи си никакви нерегуларности оваој план на СДСМ пропадна. Токму затоа, лидерот Заев веднаш по затворањето на гласчките места, излезе со изјава дека изборниот процес не го признава, бидејќи врз гласачите се вршеле големи притисоци. 

Press24 дојде и до  бланко пријава за наводни изборни неправилности која активистите на СДСМ во повеќе копии ја доставувале до членовите на избирачките одбори за да им ја „скратат маката“ при спроведувањето ан сценариото диктирано од Бихаќка.

 

27.04.2014 - 19:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега