ЕКСКЛУЗИВНО: Еве како СДСМ ги подготвуваше „изборните неправилности“

Ова е документ до кој ексклузивно дојде Пресс24 а кој синоќа бил пронајден во возилото на општина Куманово при претресот на полицијата поради нарушувањето на изборниот молк. 

Се работи за бланко пријава за наводни изборни неправилности која активистите на СДСМ во повеќе копии ја доставувале до членовите на избирачките одбори за да им ја „скратат маката“ при спроведувањето ан сценариото диктирано од Бихаќка.

На нивните претставници во избирачките одбори е оставена само мала креативност при создавањето „неправилности“. Имено во бланко пријавата треба само да го внесат своето име и бројот на избирачко место, а пропустот е веќе „согледан“ од одговорните во СДСМ- „повеќе лица дојдени со неважечки лични карти на кои и покрај укажувањата некој им доволил да гласаат“.

Интересно е како СДСМ најмалку 24 часа пред стартот на галсањето можеле да знаат какви неправилности ќе се случуваат на денот на изборите.

 

27.04.2014 - 19:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега