ФОТО: Гласаше и најстариот велешанец

И најстариот велешанец, 95 годишниот Милан Ристовски го искористи своето право на глас, објавува МТВ.

Гласал на сите досегашни избори и се сеќава на многу ветувања, но, за МТВ вели дека гласот на народот е појак од секој збор на политичарот. „Еден глас еден мандат нели“, вели дедо Милан.

-Од претседателот очекувам да биде претседател на сите граѓани на Македонија. Од пратениците да бидат редовни  на седница да дискутираат по прашања, по предложените амадмани да даваат сугестија, вели Ристовски.

На избирачкото место каде гласаше Ристовски, право на глас имаат уште 821 лице.

27.04.2014 - 18:54
Фото: 
МТВ

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега