Во Куманово до 17 часот одѕивот 51 процент

Според податоците од Општинската изборна комисија до 17 часот во Куманово гласале 51 процент од гласачите за парламентарните избори, а 43 проценти за претседателските избори.

Право на глас имаат околу 90.460  гласачи заедно со дијаспората  кои своето право на глас го оставруваат на 167 избирачки  места.

Во општина Старо Нагоричане право на глас имаат околу 3.600 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места. До 17 часот за вториот круг од претседателските избори гласале 50,69 проценти, а за парламенарните 52,97 проценти од граѓаните, вели Тина Костовска, претседателка на ОИК.

- Во Липково до 17 часот, според информациите на ОИК своето право на глас го искористиле 4,57 проценти за претседателските избори, додека 44,12 проценти за парламентарните избори, вели заменик претседателот на ОИК, Горан Митевски. Инаку во оваа општина право на глас имаат над 23.000 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места. 

27.04.2014 - 18:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега