„Излези да гласаш“ со нови податоци: Еве каква е излезноста низ општините до 17 часот

Коалицијата на невладини организации "Излези да гласаш" вториот круг на изборниот процес за избор на Претседател на Република Македонина и предвремените парламентарни избори 2014 ги следи на цела територија на Република Македонија со повеќе од 5000 волонтери, акредитирани набљудувачи на територија на Р. Македонија. Според информациите добиени од терен гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера без сериозни нарушувања. Заклучно со 17:00 часот извршена е обработка на податоците за текот на изборниот процес и излезност на гласање и констатирана е следната состојба:

-Во однос на навремено отварање на изборните места нашите набљудувачи инфомираа дека навремено се отворени гласачките места . До 17.00 часот изборниот процес тече мирно и достоинствено и во позитивна атмосфера. Апелираме до сите институции како и досега навремено да реагираат согласно своите надлежности да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас. Коалицијата на граѓански организации “Излези да гласаш“ - апелира до политичките партии за коректни и фер избори без насилство и кршење на законската регулатива во текот на просецот на гласање, стои во соопштението на „Излези да гласаш“.

27.04.2014 - 18:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега