Ново Село: До 17 часот гласале 50 отсто од гласачите

Мирен изборен ден во општина Ново Село, каде на 20 избирачки места денеска се одвива вториот круг од изборите за претседател и предвремените парламентарни избори.

- Во изминатите десет часа изборниот процес се одвива во нормални услови и без забелешки. Според податоците со кои располагаме до 17 часот од вкупно запишаните 10.432 избирачи на списокот за парламентарни избори гласале 5.245 или 50 отсто. Во вториот круг за избор на претседател,право на глас имаат вкупно 10.820 граѓани, а досега гласале 5.240 или 48 отсто, вели претседателката на Општинската изборна комисија во Ново Село, Оливера Смилкова.

27.04.2014 - 17:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега