Еве колкав е одѕивот во прилепско до 17 часот
Вториот круг од претседателските и парламентарните избори во Прилеп се одвиваат без проблеми и процесот тече континуирано, информира Општинската изборна комисија.
До 17 часот за избор на претседател гласале 61 отсто од запишаните 64.567 избирачи, а за изборот на пратеници од 64.316 граѓани со право на глас, на гласање излегле 62 проценти.
Нема проблеми и непречено се одвива изборниот процес и во соседните општини Кривогаштани, Долнени и Крушево.
До 17 часот во Кривогаштани на гласање за избор на претседател и за пратеници излегле 66 проценти. Во Долнени во вториот круг за избор на претседател до 17 часот гласале 41,8 проценти, а за избор на пратеници одѕивот е 47,8 отсто. Во Крушево одзивот за избор на претседател е 66,26 отсто, а за избор на новите пратеници, до 17 часот на гласање излегле 67,90 проценти од избирачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа