Албанците ги бојкотираат претседателските избори

Албанците во земјава ги бојкотираат претседателските избори. Во општините каде доминира албанското население има голема разлика меѓу излезноста на гласачите за претседателските и за парламентарните избори.

Во Липково оваа разлика е драстична. До 13 часот, за парламентарните избори излегле 23,74 % од населението, додека за иден претседател гласале само 2,39 %. Во Арачиново, пак, за парламентарните избори излегле 26,37%, додека за претседател гласале 8,45% од граѓаните. Слична е и состојбата во Чаир, каде за парламентарните избори излегле 20,97%, а за претседателските 10,85% од полнолетните граѓани.

Во Сарај, само 11,26 % од Албанците гласале за иден претседател, додека 28,53%, излегле за парламентарните избори. Слична состојба и во Студеничани, каде до 13 часот за парламентарните избори излегле 24,11%, а за претседателските 12,21%. Во Боговиње за парламентарните избори 23,74%, а за претседателските 5,58%.  Во Врапчиште, пак, за парламентарните избори излегле 19,95%, а за претседателските 9,19% од граѓаните. И во Гостивар е помала излезноста за претседателските избори - 13,32%, додека за парламентарните избори излегле 23,3%. Во Дебар, за претседателските избори излегле 10,10%, додека за парламентарните - 19,9% од граѓаните. Во Тетово за составот на парламентот гласале 22,33%, а за иден претседател 14,01% до полнолетните граѓани.

27.04.2014 - 17:42
Фото: 
Вистина

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега