Нова демократија: Ставовите на Сириза и штетат на грчката надворешна политика
Грчката владејачка партија Нова демократија не престанува да ја напаѓа опозициската Сириза во врска со прашањето за името, во рамките на кампањата за изборите за Европскиот парлмент, јави дописникот на МИА од Атина.
Портпаролката на Нова демократија Ана Асимакопулу овој пат се осврна на изјава на кандидатот за европратеник на Сириза Стелиос Кулоглу во интервју за македонски медиум, објавено кон крајот на минатиот месец.
- Позициите на Сириза постојано се појавуваат во Европскиот парламент од страна на нивни претставници. И за жал, тие се во спротивност со нашите национални интереси, рече Аксимакопулу.
Таа потсети на интервјуто на Кулоглу во кое тој вели дека Македонија ја нарекува Македонија „како и другите луѓе во светот“, и оти „смешниот спор за името го започна Самарас“.
Портпаролот на Нова демократија повторно потсети и на ставовите на кандидатот за европратеник на Сириза Димитрис Христопулос за постоење на турско и македонско малцинство во Грција, тема на која партиите се препукуваат веќе неколку дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа