МВР: Изборните мирни, фер и демократски

Денешните избори досега протекуваат во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на Република Македонија, информира портпаролот на МВР Иво Котевски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека на ниедно гласачко место не се регистрирани никакви проблеми.

- Нема никакви поплаки ниту од партиите, ниту од набљудувачите. Македонија денеска достоинствено спроведува демократски избори по европски стандарди, рече Котевски и додаде дека очекуваат изборите да протечат мирно и до крајот на денот.

27.04.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега