Порно ѕвездата го тужи милионерот кој ја фрли од покривот

Порно актерката Џенис Грифит (Janice Griffith) е дека девојката која "Кралот на Инстаграм" - Дан Билзериан (Dan Bilzerian) ја фрли од покрив.

По видеото кое го шокираше интернетот многумина се прашуваа дали девојката го преживеа падот без повреда. 18-годишната Џенис се здобила "само" со скршена нога, а за тоа ги известила сите преку својот Твитер профил.

TMZ пренесува дека Џенис одлучила да го тужи Дан по инцидентот. Поради скршената нога веќе изгубила неколку големи разботни можности и нема да може да работи неколку недели. Џенис кажува дека Билзериан ниту еднаш не и се извинил за несреќата. Тој ден тие двајца учествувале на заедничка фото-сесија и прв пат го запознала.

"Можеби тоа што го направивме не беше најпаметна идеја. НО во тој момент ни се чинеше како добра идеја", признала Џенис и додала дека тој ден не конзумирале ниту алкохол ниту други опијати.

27.04.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа