Излезеноста во Прилеп до 10 часот е 20 проценти

 

Мирно и непречено се одвива изборниот процес на 142 избирачки места во Прилеп, соопшти Општинската изборна комисја.

До 10 часот на гласање излегле 20 насто од запишаните 64.567 граѓани со право на глас, колку што се во избирачкиот список за вториот круг од претседателските избори, односно 64.316 за парламентарните избори во Четвртата изборна единица.

Мирно и непречено е и гласањето  во Кривогаштани, Долнени и Крушево. Во Кривогаштани до 10 часот одѕивот е 11,5 проценти на 13 избирачки места, во Долнени 3,2 проценти и се гласа на 40 избирачки места, а во Крушево на 23 гласачки места до 10 часот излегле 13,5 проценти од запишаните избирачи. 

27.04.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега