СТАТИСТИКА: Проверете во која општина има најмногу а во која најмалку гласачи

Општина Куманово е единица на локалната самоуправа во која се регистрирани најголем број на гласачи во Единствениот избирачки список. Според податоците објавени од ДИК, на овие избори во Куманово можност да гласаат имаат 90.460 гласачи распоредени во 167 избирачки места. Општина со најмал број на регистрирани гласачи е Вевчани, каде право на глас имаат само 2.070 лица кои се распоредени во 3 изибрачки места. Вевчани е општина и со најмал број на избирачки места во земјава, додека најголем број на места за гласање на овие избори се отворени во Битола. 82.674 регистрирани битолчани со право на глас, ќе можат да гласаат на 170 избирачки места. 
Општина со најголема површина во Македонија е Прилеп. Овој град според официјалните податоци зафаќа површина од 1.198 километри квардатни, додека најмала површина има општина Шуто Оризари од асмо 6 километри квадратни

27.04.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега