Во Дебарско навреме отворени гласачките места - еве како тече гласањето

Во општините Дебар и Центар Жупа точно во седум часот отворени се сите 43 гласачки места и гласањето се одвива без проблеми. Гласањето тече во мирна и фер атмосфера.

Во општина Дебар, која припаѓа на Шестата изборна единица, вчера правото на глас го остварија 142 болни и немоќни лица, од нив 31 за претседателските и 111 за парламентарните избори.

И во општина Центар Жупа, која припаѓа во Изборната единица 5, нема проблеми.

 

27.04.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега