Бизарно- провалувал во куќи за да им ги лиже стапалата на старите баби

Еден Французин од североисточниот дел на земјата бил уапсен, откако провалил во куќа од постара сограѓанка и почнал да ѝ ги бакнува и мириса стапалата. При бегството ги украл нејзините папучи.

Овој маж од градчето Белфор, провалил во куќата додека старицата спиела, дошол до нејзиниот кревет и почнал да ги бакнува и милува нејзините стапала, при што таа се разбудила. Неколку секунди била во шок бидејќи не можела да поверува што се случува, па побарала од него да ѝ го додаде нејзиниот инхалатор.

Поради отежнатото дишење, тој решил да ѝ помогне, па кога пошол да го земе инхалаторот таа преку телефон побарала помош од нејзиното семејство. Натрапникот го наслушнал разговорот и побегнал од куќата, притоа крадејќи ги нејзините папучи.

Поради чувство на вина, тој утредента се јавил да ѝ се извини на жената поради инцидентот. Сепак тој повик бил доволен за да полицијата го лоцира, а потоа и да го уапси. Тој е осуден на 18 месеци затвор, бидејќи ова не бил негов прв сексуален прекршок.

27.04.2014 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега