Избирачките места во општина Дебрца отворени навреме

Изборниот процес се одвива непречено на територијата на општина Дебрца, каде право на глас имаат 4.573 лица за претседателските и 4.489 за парламентарните избори.

Сите 28 места биле отворени навреме со тоа што гласачите од селата Турие, Мраморец и Сливово од гласачките места 1328, 1339 и 1331, поради помал број од законски утврдениот, своето право на глас го остваруваат на гласачкото место 1329, во селото Арбиново. 

27.04.2014 - 08:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа