Навреме отворени гласачките места во Охрид

Сите гласачки места во Охрид се навремено отворени и процесот на гласање на парламентарните и вториот круг од претседателските избори се одвива непречено, потврдија од Општинската изборна комисија.

На територијата на општина Охрид право на глас имаат 51.211 гласачи за претседателските и 50.895 гласачи за парламентарните избори, запишани во Единствениот избирачки список. Тие своето право на глас ќе можат да го остварат на 88 избирачки места, откако поради помал број гласачи од потребниот минимум (10) гласачкото место во Скребатно нема да биде отворено, а граѓаните од тоа населено место своето право ќе може да го остварат во селото Лескоец.

Инаку, гласачкото место 1253 се дели во ново гласачко место – 1253/1 и ќе се гласа во ОУ „Григор Прличев“, а гласачкото место 1264 на ново гласачко место – 1264/1 и ќе се гласа во просториите на ЈП „Комуналец“ во Градскиот пазар. Гласачкото место 1268 е поделено на ново гласачко место – 1268/1 и ќе се гласа во мотелот „Ловец“, додека гласачкото место 1309 се дели со ново гласачко место 1309/1 и ќе се гласа во ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца. 

27.04.2014 - 08:50
Фото: 
правдико

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега