Ќосиќ: Србија го загуби Косово

Писателот и поранешен претседател на СР Југославија Добрица Ќосиќ порача во петок дека Србија повеќе не смее да војува и дека го загубила Косово.

„За мене косовското прашање е решено. Тоа значи дека тоа повеќе не постои како јужна српска покраина. На вашата генерација и советувам да не ја троши силата на косовското прашање, бидејќи историјата тоа го решила и без вас", сугерираше Ќосиќ во интервјуто за списанието „Недељник".

Тој потсети дека уште деведесеттите години на минатиот век во јавноста ја понудил идејата за поделба на Косово, но дека за тоа не добил поддршка.

27.04.2014 - 08:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега