Еве колку набљудувачи ќе ги следат изборите

За следење на двојните избори што се одржуваат денеска во Македонија, акредитирани се 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи, како и 294 преведувачи.

НВО МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113, Здружение Плоштад Слобода – 33, Институтoт за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 28, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има  акредитирано  252 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ - 27, амбасадите на САД - 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција - 11 набљудувачи, Франција осум, Бугарија и Холандија по шест, Косово - пет, Словенија - четворица, Албанија, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ - 31 набљудувач. Акредитирани се и 17 претставници на Централната изборна комисија на Косово, шестмина членови на косовската Комисија за изборни жалби и приговори, осум на Централната изборна комисија на Албанија и тројца на Централната изборна комисија на Грузија.

 

27.04.2014 - 08:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега