Тројца полицајци силувале силувале туристка

Тројца од четворицата француски полицајци, обвинети за силување на една канадска туристка во Париз се уште во притвор и во текот на денот треба да бидат изведени пред суд, јави дописникот на МИА од Париз.

Тројцата полицајци се припадници на Бригадата за истраги и интервенции, поранешната „антиганг“ бригада на судската полиција, а еден од нив веќе призна дека имал сексуален однос со канадската туристка, со која се запознале во кафулињата во близината на митската полициска станица Кеј д’Орфевр бр.36 во квартот Сант Мишел.

Потоа неа и било предложено да ја посети станицата, кога се случило силувањето, кое таа го пријавила веднаш по излегувањето од полициската станица на првиот полицаец во униформа.

Аферата предизвика бран на шок во полицијата, бидејќи на популарно наречениот „36“ се наоѓа седиштето на париската судска полиција.

26.04.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа