ВИДЕО: Девојче бара од сопругата на Претседателот да го вработи татко и

Првата дама на САД Мишел Обама доби интересно прашање за време на училишна средба во Белата Куќа.

10-годишната Шарлот Бел, која дојде во друштво на својата мајка, ја искористи можноста од првата дама на САД да побара работа за својот татко, а веднаш ѝ го даде и неговото CV.

„Мојот татко не работи веќе три години и сакам да ви го дадам неговото CV“, изјави Шарлот, а изненадената Мишел Обама им објасни на оние кои поради џагорот не го чуја прашањето дека станува збор за приватна работа.

Инаку, нејзиниот татко, Бен Бел, веќе три години бара работа во политичката бранша, а имајќи во предвид дека во 2012 година учествуваше во изборната кампања на Обама, во последните месеци се обидува да најде работа во неговата администрација.

26.04.2014 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега