Еве кои се противкандидатите на Скопје за ЕВРО 2020

Вкупно 19 градови, меѓу кои и Скопје, се во трка за домаќинство на ЕВРО 2020-та. 

Како што е веќе познато, ФФМ во петокот поднесе кандидатура до УЕФА за домаќинство на ЕВРО 2020. Освен Скопје, за домаќинство конкурираа уште 18 европски градови:  Азербејџан (Баку), Белорусија (Минск), Белгија (Брисел), Бугарија (Софија), Данска (Копенхаген), Англија (Лондон), Македонија (Скопје), Германија (Минхен), Унгарија (Будимпешта), Израел (Ерусалим), Италија (Рим), Холандија (Амстердам), Република Ирска (Даблин), Романија (Букурешт), Русија (Сент Петерсбург), Шкотска (Глазгов), Шпанија (Билбао), Шведска (Стокхолм) и Велс (Кардиф).

Најсериозни кандидати за домаќини на полуфиналните средби и големото финале се Лондон и Минхен. Останатите градови конкурираат за домаќинство на една од групите или пак по еден натпревар од осминафиналети и четвртфиналето.

Одлуката континенталниот собир да се организира во 13 градови и неколку европски земји ја донесе УЕФА, по повод 60-годишнината од Европските првенства.

Повеќе информации на официјалната интернет страница на УЕФА.

 

26.04.2014 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа