ВИДЕО: Македонец го воодушеви жирито на светски познатото талент шоу

18 годишниот Македонец Мајкл Дамески ја воодушеви публиката на австралиското шоу ,,Мислиш дека знаеш да играш“.

18 годишникот со својот неверојатен танчерски перформанс, изгледаше како да и пркоси на физиката, пишуваат австралиските медиуми.

И жирито беше воодушевено од спектакуларниот настап на Дамески. Судиката Пола Абдул вели дека ваков рутински настап нема видено.

 -Тоа предизвика емоционална реакција на нас судиите, јас скокнав. Остатокот од судиите скокнаа и целата публика беше на нозе, и врескаше,  изјави Пола Абдул за австралиските медиуми.

26.04.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега