Во вторник сонцето нема да биде исто - погледнете како ќе изгледа

Сонцето на 29 април ќе изгледа како огнен прстен, но тоа ќе може да се види само од некои делови на светот.

Во вторник ќе има затемнување на сонцето со многу интересен облик, како огнен прстен. Додека затемнувањето на Месечината се случува само кога е полна, затемнувањето на Сонцето е можно за време на млада Месечина.

Речиси половина од светот можеше да го види неодамнешното затемнување на Месечината на 15 април. По него следи затемнување на Сонцето, но во вторник тоа ќе биде „кружно“, а не „целосно“.

Тоа е поради што затемнувањето ќе се случи во моментот кога Месечината е на својата најоддалечена точка од Земјата, па Сонцето не може да биде покриено во целост. Крајниот резултат е огнен прстен, што ќе биде права атракција за ретките жители на мал дел од Антарктикот. Најдобар поглед ќе има од Тасманија.

26.04.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа