Еве каде може да пријавите повреда на избирачкото право
Во канцеларијата на Народниот правобранител утре, на денот на одржување на предвремените парламентарни и вториот круг од претседателските избори, од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријаватповреда на избирачкото право.
Како што соопшти народниот правобранител, утре ќе бидат отворени сите седум канцеларии во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за на граѓаните да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
Покрај лично во канцелариите и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат да се јават и на телефонските броеви: Тетово 044/344-082, Струмица 034/329- 996, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Штип/032 389-701 и Куманово 031/431-488.
- Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, се вели во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа