МВР и денеска и утре ќе издава лични карти
Управните служби на МВР низ целата држава ќе работат и денеска и утре, и ќе ги примаат и одобруваат барањата за лична карта од 08:30 до 16:30 часот.
Граѓаните кои денеска ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и утре, бидејќи на изборниот ден ќе работат сите управни служби од 07:00 до 19:00 часот, но само за издавање документи.
Ова ќе им овозможи на сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на Избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, да извадат документи за да им биде овозможено гласањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа