Двојниот убиец Топаловски есктрадиран во Македонија

 

 Осомничениот за двојното убиство во 2007 година на булеварот Илинден кај Зоолошката градина Ѓорги Топаловски синоќа бил екстрадиран од  Мадрид каде беше депортиран по неговото апсење во доминиканската Република во авгиуст 2012, дознава Пресс 24. Детализ а екстрадицијата се очекува МВР да соопшти претпладнево. 

Засега е познато дека тој слетал на аеродромот во Скопје и веднаш бил превземен од макеоднската полиција и упатен во истражниот затвор Шутка.

 Четириесетгодишниот Топаловски се бараше поради сомнение дека на 22 ноември 2007 година ги убил Андреј Филип – Џиџи (35) и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа ги прегази со неговиот автомобил. 

Според информациите од полицијата, Топаловски ги убил двајцата скопјани бидејќи подолго време им должел 10.000 евра кои му ги дале под лихва. 

Наводно, Топалоски за да не ги врати парите планирал да избега од земјата, кај неговата сопруга во Србија, но за тоа дознале и Благоевиќ и Филип. На денот на убиството двајцата го чекале Топалоски пред цвеќарата кај Зоолошка за да го бараат долгот. Но, Топаловски ги немал парите, поради што двајцата почнале да го тепаат. Но, тогаш Топаловски извадил пиштол и со по еден куршум ги застрелал Филип и Богоевиќ. Откако пукал во нив, додека лежеле речиси мртви на земја, Топаловски ги прегазил со автомобилот, а потоа побегнал. 

Неговиот автомобил “ситроен Ц4“ два дена подоцна беше пронајден во гаражите на зградата во која живеел во населбата Карпош 4.

 Скопјанецот, кој во Доминикана се претставувал како литвански државјанин со име Ареи Аргеад, тогаш беше уапсен заедно со четириесетгодишен Русин.

26.04.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега