Поројни дождови ќе ја поплават Македонија

 Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во попладневните часови се очекуваат пообилни врнежи кои наместа ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен дожд.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 15 до 18 степени. 

Во Скопје времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд особено попладне. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 17 степени. 

26.04.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа