Настап на Симон Трпчески во Конгресната библиотека на САД

 

Во преполната сала на Конгресната библиотека на САД, на целовечерниот двочасовен концерт, македонскиот пијанист Симон Трпчески и германскиот виолончелист Даниел Милер - Шот синоќа изведоа три сонати:  во Ц-дур на Бетовен, во Ф-дур на Брамс и во Г-мол на Шопен.

- Ова ми е веројатно 45 или 46 посета на оваа земја и сум прифатен на прекрасен начин.  Убаво е чувството кога луѓето ќе те прифатат онака како што си сакал, затоа што ние, уметниците, навистина многу вложуваме во она што го работиме, изјави пијанистот Трпчески пред настапот. 

Релаксирано е да се настапи во САД, вели тој.  Олеснува беспрекорната и детална подготовка на концертите, аргументира македонскиот пијанист, кој настапува по американските концертни сали веќе 12 години по ред.

Брошурата на Конгресната библиотека за концертот го  цитира Индипендент за сјајниот звук и леснотијата во изведбата на Трпчевски и ја истакнува титулата на национален уметник на Македонија.

- Честа е голема, задоволството е големо.  Внесувам многу љубов во она што правам и името на државата секогаш оди заедно со моето име.  Мислам дека, од друга страна, не чувствувам определен притисок, туку напротив, моето задоволство во вршењето на мојата професија е поврзано со мојата љубов кон мојата земја, вели Трпчевски.

Тој раскажува дека е прифатен на прекрасен начин во САД од публиката која, како што рече, колку бара, толку и му возвраќа на уметникот.   

Во оваа мини-концертна турнеја, дуото Трпчески - Милер Шот веќе настапи во Ванкувер, а од Вашингтон заминува за Квебек и Монтреал.  Оттаму, Трпчевски сам ќе замине за настап во Хелсинки, по што го очекуваат четири концерти во Ливерпул

26.04.2014 - 02:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега