„Заев ја губи и Струмица“
Резултатите најверојaтно следуваат по тоа што минатата година ВМРО ДПМНЕ на локалните избори ја намали разликата на 2 000 гласа во однос на СДСМ од претходните избори, додека на првиот круг од претседателските избори од пред две недели разликата помеѓу овие две партии е нешто помала од 2 000 гласа. Ставрески во своето обраќање освен освртот кон проектите предвидени во новата програма кажа и дека во градот ќе го вратат се она што го низ годините го запостави Заев.
Пред присутните се обратија и кандидатите за пратеници од Струмица. Славе Гошев се обрати со реченица од познатиот струмички револуционер Христо Чернопеев – „Станете да ве ослободиме“, додека Васил Пишев рече дека ова е крајот на владеењето на СДСМ во Струмица
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа