Гласачите на СДСМ да ја стават Македонија пред личниот интерес на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски на вечерашниот митиг во Велес упати порака до сите членови на СДСМ да си ја гледаат државата, а не само инетерсите на еден човек, Зоран Заев.

-И во СДСМ и во ВМРО имало претседатели на партија и ќе има и во иднина. Сите смеменливи и минливи, државата ни е таа која треба да ја сочуваме. Која што ни ја дава слободата, демократијата , можностите . Не треба тие луѓе да дозволат да бидат изманипулирани од еден човек кој се бори за споствената кожа. Од еден очаен човек кој што сака да повлече очајни чекори . Ние работиме за сите. Затоа треба да ја дадете поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и програмата и да одиме напред, а не да се заплеткуваме во домашни лавиринти или непризнавање на избори, истакна Груевски.

Народот не следи целиот овој период , мене ме следи уште од времето во министерството за трговија , рече Груевски, ме следи уште кога ја почнав кампањата „ купувајте домашни производи“ , ме следи и во минсиетсрвото за финасии, и во опозиција како пратеник , како претседтел на ВМРО.  Во многу искушенија во многу тешки денови , на рефендуми, на избори , во тешки денови во кои што му беше потребна поткрепа на македонскиот народ . Ме следи и како премиер 7и пол години.

-Но ги следи и нив, а тие тоа го забораваат, ги следи од времето на транзицијата и од времето на приватизацијата , од времето кога 200 илјади луѓе отпуштија од работа и го приграбија државниот капитал вреден 5 милјарди евра за симболични суми, го распределија на нивните олигарси. Ги следи од времето на ТАТ и кога ќе бркаа октоподи , ги следи и кога повторно им ја дадоа довербата во 2002 година кога им беа ветиле по 1 вработен во семсјтво. Ги следи во целот мандат кога ништо не реализираа од тоа што го ветуваа . Ги следи и кога се во опозиција каде што држат неколку општини  и каде што даваат се од себе да помогнат на оние што не и го сакаат доброто на Македонија, истакна Груевски.

Народот ги следи како ги држат истите тези, потенцираше Груевски,  кои што ги држат некои соседни земји кои што дефинитивно не и сакаат добро на Македонија. Народот не следи и нив и нас.

-Затоа не знаат сега што да прават , па Зоран Заев со цел да го задржи местото претседател во СДСМ исплашен дека ќе мора да си замине решил да бара начин како да спречи негово заминување од СДСМ  почнал да смислува начини. И според информации од загрижени челнови на СДСМ кои сакаат победа почнале да разгледуваат можности и стратегии за непризнавање на изборите истекна претседетелот на ВМРО-ДПМНЕ.

25.04.2014 - 22:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега