ФОТО: Јелена не дожева да го види своето бебе

„Наместо сега да ужива со своето дете, мојата жена повеќе ја нема!“, бескрајно тажен Јовица ја почна својата приказна.

Неговата сопруга Јелена (28) на 12 јануари по породувањето со царски рез и нападот на еклампсија во болница во српски Петровец падна во кома. Дури следниот ден е префрлена во Белград каде и почина, пишува српски “Курир“.

До пред еден месец Јелена Радојковиќ, воспитувачка во предучилишна установа, нетрпеливо го чекаше раѓањето на своето прво дете. Бременоста осум месеци била без никакви компликации, а на 11 јануари со сопругот од Деспотовац отишла во посета на неговите родители во село Крепољин. Во текот на ноќта и се слошило и веднаш отишле во локалната амбуланта.

- Докторката и го измери притисокот, кој во моментот изнесуваше 175 со 100. Ми рече да одиме во болница во Чуприја каде и ја водат бременоста. Заминавме во куќата на моите родители да се спакуваме, а таа тресејќи се целата падна на подот, раскажува Јовица.

Со Брза помош ја однесовме во болницата во Петровец. Ни рекоа дека има напад на еклампсија.

- Ја шетаа од еден оддел до друг, од гинеколог до одделението за итни случаи, на крајот се собра целиот лекарски тим, а таа се тресеше два часа, зборува со солзи нејзиниот сопруг.

 - Помогнете и луѓе, возете ја до Белград, ги молев докторите кои ми кажаа дека е во лоша состојба и дека не можат да ја транспортираат. Во еден момент гинекологот ме праша дали ќе потпишам да ја породат со царски рез. Се согласив. Ја породија, добив син по име Страхиња, кој сега се чувствува добро и се опоравува во институтот за неонатологија во Белград, вели Јовица.

Јелена изгледаше подобро.

- Се разбуди и реков дека роди син. „Се вика Страхиња, знаеш ли Јецо колку е убав, личи на тебе“. За кратко време и откажаа белите дробови.

И понатаму молев да ја носат во Белград. Во осум часот наутро стигна началникот на болницата и итно нареди да ја превезат во главниот град.

- Ја примија во ГАК Вишеградска, па ја преместија во Ургентен центар, каде настапи клиничка смрт.

„Зошто порано не ја донесовте“, ги праша докторката Билјана Дамјановиќ.

25.04.2014 - 20:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега