Чадиев: Сведоци сме дека во Велес после 24 години се отвара фабрика

Програмата што ја ветив за 2013 година комплетно ја  завршивме за 5 месеци. Почнавме со реализирање на проекти од 2014. Последниот отчет што го дадовме содржеше 150 проекти, за неполни 4 месеци во Велес реализираме повеќе од 50 проекти, истакна градоначникот на Велес Славчо Чадиев во отвореното студио пред митигот во Велес.

Тој потенцираше дека основниот акцент на работењето на градоначалникот е создавање услови за привлекување странски инвестиции, односно правење индустриски зони, детални урбанистички и генерални урбанистички планови.

 -Во Велес сме сведоци дека првата фабрика се отвара сега после 24 години, странска инвестиција во износ од 35 милиони евра. Успеавме да обезбедиме за нашите сограѓани повеќе од  1000 нови работни места. Бројот на невработени лица драстично е намален во Велес, повеќе од 10 %. Кога сето тоа ќе се вклопи со останатите инфраструктурни проекти во Велес разликата е очигледна, истакна Чадиев.

 

25.04.2014 - 20:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега