Саздов ја заврши кампањата со митинг во Торонто
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалаицијата „За Подобра Македонија“ за пратеник од Осмата изборна единица, Павле Саздов, ја заврши својата кампања со предизборен митинг во Торонто.
- Главната порака која македонските граѓани ја пратија на досегашните средби е дека од досегашното работење препознаваат оти има разлика, и масовно не поддржуваат нас и нашата визија. Добив голема поддршка на сите средби со граѓаните за ветеното на екононски, образовен, културен и надворешно-политчки план, изјави Саздов.
Во Осмата изборна единица утре се гласа на шест избирачки места, во амбасадите во Вашингтон и Отава, и во конзулатите во Њујорк, Торонто, Чикаго и Детроит. Дијаспората гласа еден ден порано, на вториот круг претседателски избори, и на предвремените парламентарни избори, на кои секоја од трите единици надвор од Македонија ќе избере по еден пратеник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа