Стевчо Јакимовски назад во СДСМ?

 

СДСМ ќе ги враќа исклучените функционери назад во партијата. Како што објавува Дневник, во партијата засилено течат подготовките за мајскиот конгрес а една од точките која се разгледува е и враќање на веќе исклучените кадри назад во партијата

„Kадровски и организациски промени, каков концепт ќе понудиме за понатаму, градење став за меѓународни прашања со акцент на проблемот со името, отворање на прашањето за нов лидер, но и евентуално враќање на стариот кадар што го исфрливме во партијата ќе бидат прашањата што дефинитивно ќе бидат отворени пред конгресот“ – вели извор од СДСМ за Дневник. 

Веќе исклучените членови на СДСМ не сакаат да ја коментираат оваа одлука. Димитар Бузлевски кој на локалните избори настапи како нзависен кандидат за Дневник вели дека не ја признава одлуката на СДСМ за негово исклучување.
„Јас не бев исклучен според Статутот, односно мене требаше да ме исклучи општинската организација, а не централата која исклучува само функционери и затоа не ја признавам таа одлука – вели Бузлевски, кој по убедување останува социјалдемократ, но истакнува оти реформи во СДСМ мора да се случат“ - вели Бузлевски за Дневник.

Единствениот екс-социјалдемократ кој успеа да освои градоначлнички мандат, Стевчо Јакимовски останал без одговор на прашањето на Дневник,  дали е подготвен да се врати назад на Бихаќка. 
Одлуката на СДСМ му ја оставил и Владо Бучковски.
Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров за Дневник ја отфрла можноста веќе исклучените да се вратат назад во партијата.

- Тие слободно може да си оформат своја партија или движење. Такви луѓе ние ние никогаш не би вратиле назад“ - вели Петров за Дневник 

најчитано сега