Пономарјов: Никогаш нема да го предадеме Славјанск

 Промосковските бунтовници кои го држат под контрола украинскиот град Славјанск денеска ветија дека никогаш нема да се предадат. Нивната изјава уследи откако украинските сии го блокираа градот и го држат под опсада.

- Никогаш нема да го предадеме градот. Ќе пружаме отпор што подолго можеме. Ние сме подготвени да се браниме, изјави лидерот на приоруските бунтовници Вјачеслав Пономарјов.

Украинските власти вчера испратија војска во Славјанск, а денеска соопштија дека го опколуваат градот за да спречат бунтовниците да добијат засилување.

Пономарјов, самопрогласениот градоначалник на Славјанск  побара во областа да се распоредат руски трупи како „мировници“.

25.04.2014 - 18:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа