Хрватите мака мачат со „глувчешката треска“
Градскиот Завод за здравство во Загреб соопшти денеска дека во изминатите неколку месеци регистриран е зголемен број на слуачи на хеморагична грозница со бубрежен синдром или т.н. глувчешка треска, јавуваат хрватски медиуми.
Се смета дека барем една третина заболени се заразени на загрепска Медведница и оти поради топлата зима може да се очекува зголемена активност на глодарите и нови случаи на болеста.
- Заради спречување евентуална епидемија, граѓаните се повикани на зголемена внимателност и за време на престој во природа и по тоа, обврзно да спроведуваат мерки за лична заштита, се вели во соопштение. Тоа е вирусна болест предизвикана од хантавируси кои се распространети на целото подрачје во Европа и Азија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа