Припор ќе добие градинка за четири месеци

Екипите на фирмата „Инком Инженеринг“ работат на реконструкцијата и адаптацијата на двете постоечки простории и изградбата на нов дел во подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во населбата Припор, каде за четири месеци треба да почне со работа градинката.

Објектот, како што информира општина Кисела Вода, ќе обезбеди модерни, безбедни и здрави услови за згрижување на децата и нивна едукација. Ќе функционираат три групи од кои едната е јасли. Идејното решение, изработено од општината, опфаќа и креативни работилници, дистрибутивна кујна и перална.

По завршувањето на изградбата, комплетно ќе се реконструира дотраениот покрив на училиштето со што ќе бидат надминати проблемите со протекување. Фасадата ќе биде заменета со нова, енергетски ефикасна, со што ќе се зголеми изолацијата на објектот. Се работи за комплетна инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од 12 милиони денари. 

25.04.2014 - 18:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега