Еве која е најпопуларна земја во светот

Германија е прогласена за „најпозитивната земја“ и за најпопуларна држава во светот, во традиционалната анкета што секоја година ја спроведува Светскиот сервис на Би-Би-Си.

Во анкетата, во која учествуваа преку 26 илјади луѓе од разни страни на светот, учесниците требаше да рангираат 16 земји и ЕУ, давајќи им главно позитивно, или негативно мислење, околу нивната надворешна политика, економијата и однесувањето во меѓународната заедница.

Според гласовите на луѓето, Германија доби 59 отсто позитивни мислења и само 15 отсто негативни, поправајќи го својот општ впечаток, во споредба со минатогодишното гласање. На последното место и годинава се најде Иран со дури 59 отсто негативно и само 15 отсто позитивно мислење. Заедно со Иран, на дното на листата е и Пакистан, кој е пред Иран само затоа што има помалку негативни мислења.

На врвот на листата, на второ место е Канада, па Велика Британија, најмногу поради убавиот впечаток за Олимписките Игри во Лондон, четврта е Јапонија (минатата година беше прва), а како пета е рангирана Франција.

На високо шесто место е Европската Унија, како целина, добивајќи 49 отсто позитивно мислење, што укажува на повисокото мислење што за ЕУ го има светот, отколку во делови од Европа. Само 24 отсто од анкетираните имаат негативно мислење за Унијата.

САД се на осмото место, добивајќи 45 отсто позитивни и 34 отсто негативни мислења. При дното е и Израел кој има 52 отсто негативни и 21 отсто позитивни мислења.

Истражувањето покажа дека Германија и понатаму ужива висок рејтинг и почит во Европа и меѓу партнерите во ЕУ и покрај впечатокот дека сите ја обвинуваат оваа земја и нејзниот канцелар Ангела Меркел за „суровите и остри“ мерки на кои инсистира за да се средат внатрешните долгови во зоната на еврото.

Гласачите во Шпанија, која би требало да биде погодена од острата германска финансиска политика, Германија има добиен о 68 отсто позотивни мислења.

Во Велика Британија 78 отсто од луѓето позитивно гледаат на денешна Германија, а тој однос во Франција е уште поголем и изнесува дури 81 отсто.

Само во Грција, каде е распалена германофобија поради острите мерки за штедење и кратење на буџетските трошоци на кои инсистира Берлин, дури 52 отсто од Грците имаат негативни мислења за Германија.

најчитано сега