Камерон: Британија жали загубивме храбар војник но нема да потклекнеме пред тероризмот
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Лондон дека Велика Британија загуби еден храбар војник, но порача дека земјата никогаш нема да потклекне пред теророт и тероризмот.
- Нема никакво оправдување во Исламот за нападот за кој единствените виновнци се напаѓачите, рече британскиот премиер Камерон.
Убиството на војникот, неговите двајца напаѓачи го прогласија како „одмазда за секојденвните убивања на муслимани, што ги извршуваат британските војници во Ирак и Авганистан“. Тие беа застрелани од полицијата кога се обидоа да ги нападнат и силите на редот. Двајцата се во болница со тешки повреди, но се уапсени и се наоѓаат под тешко обезбедување.
Едниот од нив е идентификуван како Мајкл Адеболаџо (28) кој има христијанско потекло, но од 2001 година преминал во исламот.
Преку 1200 полицајци се дополнително распределни по лондонските улици по вчерашниот напад и убиство врз британскиот војник