1.204 кандидати во трка за 123 пратенички места

Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. Осмите парламентарни избори, трети во низа во Македонија ќе се одржат в недела на 27 април.

Кандидатски листи за пратеници во сите изборни единици, вклучувајќи ги и 7 (Европа и Африка), 8 (Северна и Јужна Америка) и 9 (Австралија и Азија), имаат поднесено ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и ДУИ.

ДПА има поднесено листи за ИЕ 1,2,3,5,6,7 и 8, НДП за ИЕ 1,2,5,6 и 7, ПДП само за Шестата изборна единица, коалицијата „За позитивна Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, коалицијата „Достоинство за Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5,6 и 8, ВМРО-НП во ИЕ 1,2,3,4,5,6, НДМ во ИЕ 1,2,3,4,5, СДПМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ПЕП 21 во ИЕ 1 и 2, ПЕИ во ИЕ 1,2,5 и 6, коалицијата ГРОМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски традиционално е носител на кандидатската листа во Првата изборна единица, во втората носител е Гордана Јанкуловска, Никола Тодоров во Третата изборна единица, Зоран Ставрески во ИЕ 4, во Петтата ја предводи Антонијо Молошоски, додека носител во ИЕ 6 е Никола Попоски. Во 7,8 и 9 ИЕ кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се Ристо Манчев, Павле Саздов и Васко Наумовски.

Носител на листите  на Демократската унија за интеграции (ДУИ) во Првата ИЕ е Ермира Мехмети, во втората е Реџаил Исмаили, во третата Беџихудин Шехаби, во четвртата е Неџати Јакупи, во петката Муса Џафери, а партискиот лидер, Али Ахмети, ја предводи листата во Шестата изборна единица. Во 7,8 и 9 ИЕ кандидати за пратеници на партијата се Исмаил Белули, Тефик Абдулаи и Дритон Маликовски.

Рената Тренеска Десковска е носител на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, Петре Шилегов во втората, Марјанчо Николов во третата, Хари Локвенец во четвртата, Васко Ковачевски во петката и Стојко Пауновски во ИЕ 6. Во 7, 8 и 9 ИЕ кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата се Гелал Абиевиќ, Јани Хаџи-Еленов и Пецо Смилевски.

Носител во ИЕ 1 на ВМРО-НП е Слободан Близнаковски, во втората Љупчо Балковски, во третата е Љубчо Георгиевски, во четвртата Ристо Пецев, во петтата Ванчо Костов и носител на ВМРО-НП во шестата изборна единица е Горан Лотевски.

Беким Фазлиу од ДПА е носител на партијата во ИЕ 1, Орхан Ибраими во двојката, Хабиб Маскудов во тројката, Зија Јонузи во петката и Менду Тачи во Шестата изборна единица. Во седумката кандидат за пратеник на ДПА е Шпенд Саити, а во осумката Ферки Бектеши.

Носител на листата во Првата изборна единица на Национална демократска Преродба (НДП) е Гиктен Хазири, во ИЕ 2 Џезаир Шаќири, во ИЕ 5 Ардијан Демири, во шестката Руфи Османи, а во седумката кандидат за пратеник е Енвер Османи.

Партијата демократски просепритет (ПДП) има листа за кандидати за пратеници само во Шестата изборна единица, која ја предводи Мухамед Халили.

Јанко Бачев е носител на листата на кандидати во ИЕ 1 на Народно движење за Македонија (НДМ), Зоран Јовановиќ во ИЕ 2,  Саше Ивановски во ИЕ 3, Гоце Јанков во ИЕ 4 и Роберт Спасеновски во ИЕ 5.

Во првата ИЕ листата на коалицијата ГРОМ ја предводи Чедомир Саздовски, во двојка Виктор Цветковски, во третата Штерјо Николов, во ИЕ 4 Панчо Минов, во петката Љупчо Настоски и во шестката Горан Анчевски.

Благоја Марковски е носител на листата на коалицијата Достоинство за Македонија во првата изборна единица, Горан Зафировски во двојката, Горанчо Ангелов во тројката, Надица Мирчовска во четворката, Стојанче Ангелов во петката, Гоце Делчев Тодев во ИЕ 6. Свој кандидат за пратеник коалицијата има и во ИЕ 8 Стојадин Наумовски.

Љупчо Зиков ја предводи листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за позитивна Македонија во ИЕ 1, Владо Бучковски во двојката, Илија Николовски во тројката, Дане Јованов во ИЕ 4, Игор Камбовски во ИЕ 5 и Џевдет Хаљими во ИЕ 6.   

Љиљана Ивановска е носител на листата во ИЕ 1 на Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ), Петре Петров во двојката, Марјанчо Наков во третата, Наташа Тренкоска во ИЕ 4, Игор Ивановски во петката и Маја Ивановска во шестката.

Листата во правата изборна единици на Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21) е Билјана Јовановска, а во втората Гоце Петрушевски.

Носител на листата на Партијата за европска иднина (ПЕИ) во ИЕ 1 е Сеадин Џафери, во ИЕ 2 Еркан Алили, во петката Фијат Цановски и во шестката Абдија Мерсовски.

25.04.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега