Ставрески: Најавени 13.000 работни места, а ќе се отворат најмалку 64.000 работни места

ВМРО ДПМНЕ ветува дека во наредниот период ќе се отворат најмалку 64.000 работни места. За тоа ветување најдобра поткрепа имаме во најавите што само во последните три недели ги направија 9 странски инвеститори, кои ќе отворат вкупно 13.000 работни места. Покрај отварање на нови работни места од странски инвеститори во слободните и индустриските зони , ќе има и нови работни места креирани од домашните инвеститори.
Ова го истакна денеска на прес-конференција во Струмица носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во 4. изборна единица Зоран Ставрески, образложувајќи ги проектите од програмата.  

Ставрески потенцира дека предвидени се низа мерки кои ќе помогнат за вработување на млади лица, преку отворањето на нови фабрики и одржувањето на најдобра бизнис клима во Југоистиочна Европа и одржувањето на најниски даноци.

“Обезбедивме многу стимулативни мерки како ослободување од плаќање на работодавачот на социјални придонеси и персонален данок доколку вработи младо лице до 29 години, со бврска да го задржат уште најмалку 12 месеци на работа.
За младите лица кои сакаат самите да започнат бизнис обезбедивме кредити од 7000 евра за оној кој го оснива бизнисот и по 4000 илдаи евра за секој дополнително вработен, односно до 4 лица, значи вкупно 23.000 евра за лица со 5 вработени. Средствата се обезбедени со најповолни можни услови со 7 години рок на отплата , грејс период од 18 месеци и каматна стапка од 1 отсто“, рече тој.

За младите семејства обезбедено е и намалување на даноците за училишен прибор. Данокот на додадена вредност ќе се намали од 18 на 5 отсто со што ќе има заштеда од 3000 илјади денари на годишно ниво за семејствата. Исто така ќе се намали и данокот за бебешките производи со намалена стапка на ДДВ од 18 на 5 отсто, што исто така на семејствата ќе им заштеди на годишно ниво околу 5.000 денари.

Семејствата, пак, кои немаат сопствен дом ќе можат преку проектот Купи куќа, купи стан да добијат кредити по пониска камата од 3,99 отсто во првите три години, односно 4,44% во четвртатата и петата година што е за 1 отсто пониско откулку досега.

За сите вработени во јавниот сектор, односно за наставниците, здравствените, културните работници, полицијата и војската и за јавната администрација обезбедено е зголемување на платите од вкупно 21,5%, што ќе се одвива по 5 отсто годишно, а ќе започне со октомвриската плата 2014 година.

“За пензионерите грижата ќе продолжи и понатаму преку редовна исплата на пензиите како и нивно редовно зголемување по 5 проценти секоја година. Вкупно 21,5 отсто ќе се зголемат пензиите во следните 4 години.Истовремено за пензионерите се обезбедени и други стимулативни мерки за зголемување на мобилноста, за подобрување на животниот стандард меѓу кои спаѓа и мерката за еден бесплатен викенд во одмаралиштата во Република Македонија. Оваа мерка ќе ја искористат по 3.000 пезнионери годишно или вкупно 12.000 пензионери“, вети Ставрески.

Обезбедени се и дополнителни мерки за земјоделците врз основа на, како што рече, досегашното искуство и позитивните резултати од силната поддршка на земјоделството.
Покрај исплатата на 550 милиони евра субвенции во изминатиот период, најави дека во наредните четири години предвидени се 600 милиони евра субвенции или по 150 милиони евра секоја година. Зејоделците ќе се поддржат и со намалување на ДДВ за сточна храна од 18 на 5 отсто што ќе овозможи поевтина влезна суровина за да се зголеми домашното производство на месо и млечни производи.

Истакна дека ќе продолжи и изградбата и реконструкцијата на болниците, ќе има проекти и во делот на културата, во делот на спортот и во делот на образованието на инфраструктурата 

25.04.2014 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега