Иванов на средби со жителите на Аеродром, Сопиште и Црниче

Кандидатот за претседател на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО - ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, денеска оствари средби со жителите на Аеродром и на Сопиште, додека во населбата Црниче присуствуваше на народниот собир по повод верскиот празник Балаклија - Источен Петок.

Пред жителите на населените места, Иванов потенцира дека изборите в недела се исклучително важни за натамошниот развој на државата и ги повика граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот глас за тимот кој испорачува резултати и континуирано придонесува за економски успешна и просперитетна Македонија.

Повикувајќи ги граѓаните да гласаат за дела, а не за празни ветувања, претседателскиот кандидат Иванов истакна дека доколку повторно ја добие довербата и натаму силно ќе се залага и ќе ги брани интересите на државата и на сите граѓани

За време на средбите беа поздравени новите предвидени проекти во изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со цел севкупно унапредување на животот на граѓаните на локално ниво.

Жителите на Сопиште истакнаа дека во последните години значително е инвестирано во инфраструктурата и во севкупниот развој на оваа општина, со што истата добива се помодерен и урбан изглед.

Во пресрет на престојното гласање, граѓаните му изразија поддршка на Иванов во вршење на претседателската функција.

25.04.2014 - 15:34
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега