Проверете дали во понеделник во вашата населба ќе нема струја

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Црногорска“, „6“ и „8“ в понеделник од  9 до 15 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9.30 до 14 часот без струја ќе бидат жителите од скопското село Грчец, а од 9 до 15.30 часот дел од корисниците од Кучевиште, како и оние лоцирани на улицата „Призренска“.

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Багдадска“, „Атинска“, „Римска“, „Анкарска“, „530“ и „Бахар Моис“ без струја ќе бидат од 9 до 13 часот.

Прекините, како што информира ЕВН Македонија, се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. 

25.04.2014 - 14:28
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа