И ја искршил главата на сопругата во кафеана
Полицијата во Лесковац приведе маж кој вчера ја нападнал својата сопруга во преполна кафеана.
Се работи за 58-годишниот Б.П. кој психички и физички се иживувал врз сопругата. Најпрво ја навредувал, па и се заканувал со нож, со што предизвикал паника и кај другите присутни, а потоа земал пепелник и ја погодил во главата. Жената со повреди на главата била итно прнесена во болница.
Насилникот си заработил 30 дена притвор.
25.04.2014 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа