Фрлиле бомба од автомобил во движење- седум лица повредени во експлозија

Петмина проруски демонстранти беа убиени синоќа од страна на украинските сили додека биле во нивната база во Славјанск на истокот на Украина.

Еден ден подоцна, односно утринава локалната полиција изјави дека седум лица биле повредени вчера вечерта во експлозија на контролниот пункт кај Одеса, украинското пристаниште на Црното море. 

Жителите направиле неколку контролни пунктови околу градот за да го спречат доаѓањето на проруските сепаратисти од молдавската територија Преднестровље.

Новинската агенција Interfax пренесува изјави на сведоците, дека бомбата на контролниот пункт била фрлена од автомобил во движење, меѓутоа полицијата тоа не го потврдила.

 

 

25.04.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа