Таткото на убиениот ученик: Изгубив еден син, не можам да го изгубам и другиот!

Таткото на 16-годишниот ученик Марко Јаковлевиќ кој беше убиен на големиот христијански празник Велигден, е скршен од болка. Најблиските на раце го изнеле од гробиштата каде вчера беше испратен неговиот помал син во вечното живеалиште. Завиен со тага и болка вели дека не може да изгуби уште еден син.

Како што пренесува Блиц, братот на убиеното момче, Милош, е во притвор, откако на неговите раце бил пронајден барут. Таткото вели дека по оваа загуба, не може да си дозволи да си го загуби и другиот син.

- Ако го изгубив едното дете, не мора и другото. Сеуште не е докажано дека мојот Милош пукал. Затоа не треба да се зборува за тоа, не сакам да зборувам на темава, вели таткото.

За потсетување, Марко беше убиен на Велигден во училишен двор. Куршумот од зад грб стигнал до неговите гради и за жал го усмртил.

Повеќе за погребот прочитајте ТУКА.

25.04.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега