Трагедија: Момче почина откако падна крст врз него

21- годишниот Марко Гусмини загина откако крстот висок 30 метри, подигнат во чест на папата Јован Павле Втори, се урнал и паднал врз него и го усмртил на самото место.

Несреќата се случила на само неколку денови пред прогласувањето на папата Јован Павле Втори и папата Јован XXIII за светци, од северот на Италија пристигнува страшна вест, која на социјалните мрежи веќе предизвикала вознемиреност и тврдење дека станува збор за таен знак од небесата.

Се уште не се познати околностите на несреќата а според пишувањето на локалните медиуми во несреќата било повредено уште едно лице.

Момчето за кое медиумите јавуваат дека било слабо подвижно, живеело во градот Ловере на улицата "Папата Јован XXIII".

Градоначалникот на Чево изјавил по несреќата дека станува збор за "необјаснива трагедија".

Јован Павле Втори и Јован XXIII во недела ќе бидат прогласени за светци на церемонијата на која ќе присуствува и папата Франциско и поранешниот папа Бенедикот XVI.

25.04.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега