Украина: Подготвени сме за борба против Русија

Ситуацијата во источниот дел на Украина сакаме да ја решиме по дипломатски пат, но ние сме подготвени и да се бориме со Русија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчицја, кој учествува на Самитот на „Источното партнерство“ на ЕУ во Прага.

Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, Дешчицја смета дека смирувањето на ситуацијата во Украина би требало да се обезбеди со Договорот од Женева склучен минатата недела.

- За жал, Русија не прави ништо за ситуацијата во источна Украина да се смири и продолжува со поддржување на екстремистичките групи кои делуваат таму, додаде Дешчицја.

Според него, вториот инструмент кој треба да помогне да се ублажи напнатоста е операцијата на украинските безбедносни сили, кои добиле инструкции за обезбедување ред и избегнување на цивилни жртви.

По вчерашната најава на руската Војска дека на западната граница на Русија, во близина на Украина, започнала нови воени вежби, Киев изрази загриженост. барајќи поконкретни информации од Москва. 

- Русија не го слуша ниту повикот на ЕУ и САД и се однесува речиси како терористите, рече украинскиот претставник.

25.04.2014 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега